АХВ го затвори „Ав ав хепи дог“, испитува дали во пансионот има парвовироза
По големиот број пријави во АХВ за опасност од парвовироза во хотелот за миленици „Авав Хепи дог“, од Агенцијата за „Слободен печат“ информираат објектот од вчера е привремено затворен и нема да работи се додека не заврши вонредниот инспекциски надзор.
Препорачано
„Официјални ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денес, со проверка на евиденцијата на кучињата кои биле згрижени во пансионот за домашни миленици Ав Ав Хепи Дог во скопската населба Бардовци, продолжуваат со спроведување на вонредниот инспекциски надзор кој почна во текот на вчерашниот ден. Издадена е времена забрана за работа на пансионот која од вчера, ќе остане на сила се додека не заврши истрагата и утврдувањето на вакциналниот и здравствениот статус на кучињата, со цел отфрлање или потврдување на евентуално присуство на болеста парвовироза меѓу животните во пансионот“, велат од Агенцијата.
Исто така, сопствениците на 15 домашни миленици кои во моментот на инспекцијата биле во хотелот добиле препорака од ветеринарите на АХВ своите кучиња да си ги земат дома, да ги изолираат да им направат лабораториско тестирање за парвовироза.
„На сопствениците на 15 домашни миленици кои се моментално таму згрижени и кои не покажуваат никакви знаци на болеста, препорачано им е да си ги земат дома кучињата, да ги изолираат и лабораториски да ги тестираат на присуство на вирусот“, велат од АХВ за „Слободен печат“.
Хотел за миленици во Бардовци можно жариште на опасниот парвовирус, едно куче умрело


