Ахмети се сретна со британскиот амбасадор Лосон, му кажа дека иднината е во Сојузот за Европа

Фото: МИА

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска оствари средба со амбасадорот на Велика Британија во земјата, Метју Лосон.

Ахмети и Лосон, како што соопшти ДУИ, разговарале за важноста на политичката стабилност, европската алијанса на прогресивните сили, единството за усвојување на уставните измени без пролонгирање и целосниот фокус на земјата во спроведување на реформите за забрзување на процесот на интеграција во Европската Унија.

Ахмети изрази благодарност за поддршката што британската држава отсекогаш ја давала на процесите за демократски и економски развој на земјата, на членството во НАТО и интеграцијата во Европската унија, како и за конструктивната поддршка во надминувањето на споровите во духот на добрососедството и унапредување на европскиот пат.

Ахмети го информираше амбасадорот Лосон за информативните средби што Демократската унија за интеграција ги одржува со граѓаните под мотото „Заедно кон Европа” за да се пренесе јасна порака за здружување на силите во мисијата за интеграција.

-„Сојузот за Европа на прогресивните партии е иднината“, рекол меѓу другото Ахмети.

Амбасадорот Лосон ја повтори британската поддршка за европската интеграција на Северна Македонија, како и на реформите во земјата, но и на големиот интерес за зголемување на британските инвестиции во нашата земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот