Ахмети понудил Османи да оди „курбан“ за да се смират страстите во ДУИ, но „огнените“ одбиле

Бујар Османи во Киев, Фото: Фејсбук

Групата незадоволни функционери и членови од Демократската унија за интеграција (ДУИ), која вчера преку писмо изразија револт од партиската политика на поставување кадри на државни позиции, наведувајќи го Артан Груби како една од клучните причини што ДУИ губи гласови, вчера добиле понуда од Мала Речица да биде „жртвуван“ Бујар Османи, а за министер за надворешни работи да биде поставен човек од нивната група, објави ТВ21, повикувајќи се на извори во партијата.

Понудата наводно била испратена преку посредник, владин министер, но била одбиена од таканаречената „Огнена група“, чии членови навеле дека проблемот во партијата е Груби и целата министерска свита, а не само Османи.

Меѓу поранешните и актуелни функционери на ДУИ кои јавно го изразија незадоволството од случувањата во партијата се Муса Џафери, Изет Меџити, Невзат Бејта, Блерим Беџети, Башким Хасани, Висар Ганиу и други.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска одговори на писмото, велејќи дека „ДУИ може да функционира без кој било поединец, затоа што има стабилни структури“.

„Без сомневање, ДУИ има воспоставено стабилни структури кои можат да функционираат без Али Ахмети, Блерим Беџети, Муса Џафери, Изет Меџити. Ова е национална инвестиција која има силна основа и силна поддршка. За 20 години има инвестирано во кадарот на партијата. Советот и Конгресот се функционални, за анархија нема место“, изјави Ахмети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот