Ахмети – Палмер: Лидерите на Западниот Балкан да ги решат тешките политички прашања

Али Ахмети / Фото: МИА

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети денеска во Охрид, во рамките на вториот ден на Форумот за дијалог во Преспа, имаше средба и со Метју Палмер, заменик помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија.

– Спорот помеѓу Република Северна Македонија и Бугарија беше тема на разговор помеѓу Ахмети и Палмер во духот на продолжувањето на соработката и доброто партнерство со меѓународните пријатели, додека Ахмети побара максимален ангажман на Соединетите Американски Држави во решавањето на овoj грч на патот кон интеграцијата на земјата во Европската Унија. Ахмети исто така разговараше со Палмер околу случувањата во Република Северна Македонија и условите за отпочнување на разговорите со Европската Унија, соопшти ДУИ.

 

На средбата, Ахмети и Палмер дискутираа и за прашањето помеѓу Приштина и Белград и потребата за брзо решавање на овој спор, кој ќе стави крај на замрзнатите односи и ќе овозможи стабилност за целиот регион.

– Американскиот дипломат исто така во маргините на овој форум порача до лидерите на земјата и регионот да преземат вистински активности, да продолжат со тешките реформи, да работат на конструктивен начин за решавање на тешките политички прашања, да ги зајакнат мултиетничките, демократските и судските институции и да тргнат кон иднина со повеќе просперитет, наведува ДУИ во соопштението

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот