АГРОМЕТЕО: Врнежите се добредојдени за производителите на житни култури

unsplash
Жито/ Фото: МИА

Топлото време, со температури и над 25 степени Целзиусови на крајот од април ги изнесе сите земјоделци на своите ниви, а ваквите температури кои беа натпросечни за овој период на годината беа добредојдени за некои култури на кои им беше потребно повеќе сонце за нивен развој, велат од УХМР.

Но, во текот на оваа седмица дојде до промена на временската сосотојба и пад на утринските и дневните температури кои се движат, утринските од 5-14 степени целзиусови и дневните од 13-23 степени, со променливо време и појава на дожд.

Овие врнежи, иако не се обилни, се добредојдени за производителите на житни култури, каде недостатокот на влага особено се чуствуваво површинскиот слој, каде во оваа фаза на развој најголемиот процент од кореновиот систем се наоѓа токму во овој слој, потребите на вода во оваа фаза се најпотребни. Водата исто така е неопходна и за останатите култури иако има доволно влага во подлабоките словеи од почвата, но заради интензивниот развој на растенијата има и поголема потрошувачка на водата, така врнежите во наредните денови ќе бидат добре дојдени и за нив.

-Во овој период кога ќе се создадат услови, треба да се искористи и за заштита на растенијата од болести и штетници но и плевели кај житните култури кои може да направат големи штети кај земјоделските култури. Почвената температура на длабочина од 5 сантиметри се очекува да се движи од 15-22 степени целзиусови, велат од УХМР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот