Агентот потврди: Бејл до крајот на договорот во Реал Мадрид!

twitter.com/realmadriden

Според зборовите на Барнет, трансферот на велшкиот интернационалец во Тотенхем е „измислен“, тој останува на „Сантјаго Бернабеу“.

На крајот од преодниот рок англиските медиуми ја информираа јавноста дека Герет Бејл е блиску до враќање во редовите на Тотенхем.

Тоа не се случи, а самиот играч говореше неколку пати дека нема да си замине од Реал Мадрид, сè додека не му истече договорот со „кралевите“. Сите велат дека главна причина за тоа се парите, но агентот на Герет Бејл одлучи да ја каже својата страна од приказната.

– Не можете да зборувате за работи кои не ги познавате. Мал број на клубови можат да си дозволат борба за потписот на Герет Бејл. Тој има супер живот во Мадрид, на кој се навикна. Не е сè во парите, мора да мисли и на семејството – рече Барнет.

Воедно ги коментираше и шпекулациите за негов „кам-бек“ во Тотенхем.

– Нема да се врати во Тотенхем, тој трансфер е „измислен“. Тој ќе го одработи договорот до крајот во Реал, а потоа ќе одлучува што понатаму – додаде агентот на Велшанецот.

Можеме само да додадеме уште дека договорот на Бејл во Реал истекува на 30. јуни 2022 година. Сезонава во „Ла Лига“ има учинок од само два голови во 12 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот