Агенција за вработување: Негувателите ќе добијат бруто-плата од 30.780 денари

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Откако ќе ја завршат обуката организирана од страна на Агенцијата за вработување, 150 невработени ќе имаат работа во наредните 10 месеци како негуватели на хронично болни и на лица со попреченост, а месечниот надомест е 30.780 денари, но во бруто износ, појаснуваат од Агенцијата за вработување. Ова, пак, значи дека нивната нето плата ќе биде  20.789 денари.

– Наведениот износ од 30.780 денари е бруто плата која треба да се исплати од страна на работодавачот. Со реализирањето на вработувањето согласно законот за исплата на плати и придонеси, работодавачот при исплата на платата преку системот на УЈП е обврзан да ги плати и придонесите за здравствено и пензиско осигурување за вработеното лице – велат од Агенцијата за вработување.

Оттаму процениле дека 150 лица може да се ангажираат и притоа тие имаат 3 можности:  да најдат работа во некоја институција која нуди таква грижа; да формираат своја фирма и да бидат даватели на услуги; а може да бидат вработени и кај некоја од новоформираните фирми која била поддржана преку Оперативниот план за мерки за вработувања за 2021 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот