Агелер: Oвие санкции не влијаат само врз имотот на Камчев, туку и врз оние кои имаат бизнис со него

Анџела Прајс Агелер - амбасадорка на САД во Р. С. Македонија / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Откако бизнисменот Орце Камчев заврши на црната листа на САД, со прака на Твитер се огласи Амбасадорката на САД, Анџела Агелер. Корупцијата има последици, порача Агелер откако американското Министерство за финансии соопшти дека бизнисменот Орце Камчев го става на црна листа за корупција, поткуп, перење пари и други кривични дела.

„Овие санкции не влијаат само врз поседувањата и имотот на г-дин Камчев, туку и врз оние кои имаат бизнис со него. САД ќе продолжат да таргетираат корумпирани поединци кои што го поткопуваат владеењето на правото и стабилноста на Северна Македонија. Корупцијата има последици“, твитна Агелер.

Дополнително, Американската амбасада во Скопје закажа пресконференција за утре во 13 часот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот