Афера „Божков”: Еве кој го штитеше бизнисот на бугарскиот тајкун (ВИДЕО)

Подоцна денеска се очекува судот да му одреди мерка притвор на поранешниот директор на комисијата, Огнемир Митев.

Директорот на Комисијата за игри на среќа, Александар Георгиев денеска е приведен, изјави портпаролката на јавниот обвинител, Сијка Милева.

Тој признал дека го заштитувал бизнисот на бугарскиот тајкун Васил Божков.

Подоцна денеска се очекува судот да му одреди мерка притвор на поранешниот директор на комисијата, Огнемир Митев.

Претходно, бугарскиот бизнисмен Борис Бекијаров, по кого, исто така, се врши потрага како и по Божков, е приведен пред неколку часа на аеродромот во Виена. Моментално тој се наоѓа во просториите на австриската полиција. Се очекува бугарските власти да ги спроведат потребните процедури за да може Бекијаров да биде вратен во земјата, објави БГНЕС.

Бугарскиот јавен обвинител Иван Гешев синоќа изјави дека според се уште неофицијална информација Васил Божков е уапсен на територијата на Обединетите Арапски Емирати. Заедно со него наводно се уапсени уште две лица.

Според бугарското обвинителство бугарските цариници заплениле три камиони со цитрони во кој бил сокриван кокаинот.

Засега само еден камион е проверен и во него има сто килограми кокаин. Прашан од новинарите зошто во писмото до медиумите од пред некој ден најбогатиот бугарин тврдеше дека е тука во држава на Балканот и се засолнил, бидејки бил предмет на организирана незаконска хајка од обвинителството и полицијата, обвинителот кусо одговори- па ете слабо стои со георгафија и затоа Емиратите за него се Балкан.

Според Обвинителството, организираната криминална група, предводена од Божков, дејствува низ цела Бугарија од 2014 година и е формирана со цел да врши принуда, изнуда, перење пари. Постојат податоци дека шефот на групата му нудел по 10.000 лева (околу 5.000 евра) дневно на вработен во Комисијата за игри на среќа за да достави предлози за одземање на лиценците на конкурентските компании.

При полицискиот претрес од домот на Божков се одземени голем број уметнички слики, како и огромна сума пари од неговото казино.

Васил Божков е обвинет по седум точки, меѓу кои за шеф на организирана криминална група, за принуда, за изнудување, за обид за поткуп на службено лице, како и за поттикнување и сторено кривично дело. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот