Аеродром во Виена/Фото: EPA/CHRISTIAN BRUNA

Аеродромите во Виена и Братислава се затворени поради мраз, прашкиот работи ограничено

Ледените услови ги принудија вработените да го затворат Меѓународниот аеродром во Виена најмалку до 11 часот наутро денес и да ги ограничат летовите до аеродромот „Вацлав Хавел“ во Прага, соопштија двата аеродрома, пренесува Ројтерс.

Дебел слој мраз се формирал на пистите во Виена и продолжил да се формира и покрај напорите за негово расчистување, изјави портпаролот. Летовите биле пренасочени кон други аеродроми, додаде тој.

Ледениот дожд, исто така, го принуди аеродромот во Прага на „многу ограничено работење“, според пораката на неговиот Икс профил.

Се очекуваат доцнења во текот на целиот ден, а пристигнувањата се ограничени бидејќи екипите работат на расчистување на главната писта од мраз, додаде тој.

Во исто време, аеродромот во Братислава во Словачка објави на социјалните мрежи дека денес е затворен поради временските услови до 11:15 часот по локално време.

ВИДЕО | Хаос на аеродромот во Франкфурт: Откажани десетици летови поради мразот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот