Адвокатот на Марадона со сериозни обвинувања против брзата помош!

Фото: twitter.com/HablaDeportes

По смртта на легендарниот фудбалер, адвокатот на Диего Армандо Марадона, Матијас Морла ги обвинува медицинските работници кои, според него, не завршија добра работа.

На својот профил на Твитер, адвокатот Матијас Морла упати многу сериозни обвинувања против брзата помош, и ги нарече „криминални идиоти“.

– Во врска со извештајот на Обвинителството во Сан Исидра, необјасниво е што мојот пријател 12 часа бил без лекарски надзор. На брзата помош ѝ требаше половича час за да стигне до  неговиот дом, што е криминален идиотизам – напиша Морла на Твитер.

Тој додаде дека ќе побара истрага околу грижата за Марадона и дека некој ќе сноси последици поради лошите реакции на брзата помош.

– Како што Диего ми рече: Ти си мојот војник, реагирај без милост – додаде Морла кој потоа ја заврши својата порака со краток, но многу соодветен опис на неговиот покоен пријател:

– Да го опишам Диего во овие моменти на длабока болка и празнина, можам само да кажам: бевте добар син, најдобриот фудбалер во историјата и искрена личност. Почивај во мир, брате – се зборовите на адвокатот.

Обвинувањата на Морла беа поддржани од еден од поранешните доктори на Марадона, кој го критикуваше третманот на славниот Аргентинец откако беше пренесен во Буенос Аирес по операцијата на мозокот на почетокот на ноември.

Фудбалскиот свет се простува од големиот Диего, меѓу нив и Пеле: Еден ден заедно ќе ја шутираме топката горе на небото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот