Адвокатот на Јанкиески не е задоволен од пресудата, ќе поднесат жалба

Еленко Миланов / Скопје, септември 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Адвокатот на Миле Јанакиески,  Еленко Миланов не е задоволен од пресудата за случајот „Насилство во Центар” затоа што во завршните зборови бараа ослободителна пресуда, поради што најави дека ќе поднесат жалба.

-Имајќи предвид дека Миле Јанакиески е прогласен за крив, а одбраната во своите завршни зборови бараш  истиот да биде ослободен од обвинението, секако дека не сме задоволни и ќе ги преземеме сите законски средства кога ќе ја добиеме пресудата во писмена форма. Верувам, сто посто со сигурност дека ќе ја обжалам пресудата, иако сето ова го зборувам без да ја направам презентацијата со мојот клиент. Но сметам дека и неговата заложба е да докаже дека овде не е виновен и не ги презел дејствијата кои што му се ставаат на товар. Тоа би значело дек  најверојатно ќе пишуваме жалба, рече адвокатот Миланов по изрекувањето на пресудата за „Насилство во Центар”.

Јанакиески доби условна казна за „Шамарите во Центар“, а Груевски година ипол затвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот