Горан Ангелов / фото: Фејсбук

Адвокатот на Горан Ќосето: Со три скршени ребра е вратен во затвор, не пуштаат да се лечи дома

Велешкиот суд го вратил Горан Ангелов-Ќосето, осуден за упадот во Собранието на 27 април 2017 година, во затворот во Прилеп со три скршени ребра, не дозволувајќи му прекин на казната за да се лекува дома, објави денеска адвокатот на Ангелов, Драган Пешевски. Според него, Ќосето има проблеми со дишењето и движењето, а неговата состојба не може да се санира во затворот, каде нема услови.

Еве ја целата објава на адвокатот Пешевски:

„Како што во затворот Прилеп се дознало за смртта на Игор Југ, директорот на затворот го повикал Горан Ангелов-Ќосето кој беше негов најдобар другар, затворски сомаченик, соборец за Македонија уште од војната 2001 и му дал можност да искористи годишен одмор како би можел да го испрати својот најблизок!!! Ова не е спорно и е за поздравување!!!

Спорно е што Горан, пред кратко време крши три ребра во затворот по што е хоспитализиран на хирургија. Пуштил молба за прекин на извршувањето на казната до одреден судија за извршување санкции до Велешки Суд како би ја санирал состојбата. Замислете ОДБИЕН Е!!! Со цел памет и на цела мака е ОДБИЕН. По препорака на хирурзи, специјалисти за домашно лекување ОДБИЕН Е!!! Истиот има проблеми со дишењето, со спиењето, со движењето и без срам ке ви кажам со одењето во ВЦ. Во затворот има исклучително чучавци, со скршени 3 ребра човекот треба да го држат тројца да изврши нужда!!! Тој човек е ОДБИЕН!!! Сабајлево како го ослободиле, иако во тешка состојба, не отиде ни до дома, ми се јави ми вика брат не можам да дишам, ама морам да одам до кај фамилијата на Игор, да не им треба нешто да помогнам и така стори!!! Тој човек е ОДБИЕН!!!

Пред некој ден од моја страна беше пуштено официјално барање за прекин на издржувањето на затворската казна додека се санира последицата. Сега е на ред управата и нејзиниот директор Александар Пандов. Они се на потег да го исправат овој СРАМ!!! Денеска изгубивме еден голем човек заради неправди, сплетки и ујдурми. Нека му е лесна земјата, утре во Куманово ке го исратиме, уште неможам да си дојдам на себе… Да не изгубиме уште еден на срамен начин!!!“, напиша адвокатот Драган Пешевски на социјалните мрежи.

Почина Игор Југ, кој беше осуден за „27 април“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот