Фехми Стафа / Фото: Утрински весник / архива

Адвокатот Фехми Стафа ќе одговара за поткупот од 50.000 евра, поднесено е обвинение

Адвокатот и поранешен државен правобранител, Фехми Стафа, кој беше уапсен во декември со 50.000 евра кои наводно требало да му ги даде на судија од скопска Апелација, ќе одговара за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание, информираа од Обвинителството, кое соопшти дека е поднесено обвинение.

„Според обвинителниот акт, обвинетиот во периодот од октомври до 13 декември 2025 година, со намера да прибави противправна имотна корист, примил вкупен износ од 50.000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание со цел да интервенира кај судија во Апелациониот суд Скопје и преку давање поткуп да влијае за да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши“, пишува во соопштението од ОЈО ГОКК.

Стафа му беше адвокат на Љупчо Пецов-Ѓаволот, за чие ослободување од притвор наводно биле парите со кои беше фатен Стафа, а кои наводно требало да му ги исплати на судијата од Апелација Ѓоко Ристов. Судијата потоа беше уапсен во јануари, кога истражителите открија 350.000 евра скриени во ѕид од кујната во куќата на неговите родители. Тој беше испратен во куќен притвор, додека за Стафа, како што соопшти денеска ОЈО ГОКК, обвинителите предложиле да му се продолжи ефективниот притвор.

Судијата Ристов парите ги криел зад плочка во кујната, полицијата откри како му ги нашла

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот