Адора: Изјавата на БЕГ не е точна

„Адора инженеринг" по пат на јавна лицитација, за 9,3 милиони евра, ги купи топланите „Исток" и „Запад" и најголемиот дел од останатиот имот на „Топлификација" АД/ Фото: МИА

Изјавата на БЕГ не е точна од неколку аспекти. Пред сè Адора топланите не ги купи издадени под закуп, туку во стечајна постапка без никаков товар и прибелешка во имотен лист и во решение за купопродажба. Дополнително Договорот за закуп на топланите и официјално е откажан со Одлука на Одборот на доверители на 22.12.2021 година, реагираат од Адора.

-Од тогаш па сè до денес топланите се користат без регулиран однос со сопственикот Адора. БЕГ не се согласуваше со оваа одлука и покрена неколку судски постапки, од кои дел завршија со правосилни судски одлуки и им беа одбиени како неосновани, а дел БЕГ ги повлече, бидејќи јасно беше дека ќе ги загубат. Околу тврдењето дека го плаќале закупот, а од страна на Адора сумите биле враќани, тоа делумно е така, меѓутоа причината зошто од Адора не беа прифатени тие средства не е поради висината на закупот, туку поради основот на плаќањето. БЕГ ги плаќаше тие пари повикувајќи се на стар Договор за закуп кој беше откажан, факт потврден со судски одлуки, со што БЕГ нелигитимно сакаше да го одржи истиот во живот. БЕГ сега велат дека ќе се раздолжат кон Адора во некоја недефинирана иднина, што не е воопшто типично за функционирање како дел од регулиран бизнис, соопшти Адора како реакција на претходното соопштение на БЕГ.

Од Адора нагласуваат дека доколку ЕСМ го превземе регулираното производство на топлинска енергија, БЕГ од тој момент ќе престане да има било каков приход од дејноста што ќе придонесе до неможност да го исплати долгот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот