Администраторот и креаторот на „Јавна соба“ повикани во МВР

фото Фејсбук

Истрагата на Бирото за јавна безбедност за групата „Јавна соба“, во која над седум илјади членови меѓусебно си споделувале фотографии со експлицитна содржина.

Две лица, од кои едниот администратор, а другиот креатор на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм, вчера биле повикани во полициска станица. Ова денеска го објави дополнителната заменичка-министерка Славјанка Петровска на својот Фејсбук профил.

Истрагата на Бирото за јавна безбедност за групата „Јавна соба“, во која над седум илјади членови меѓусебно си споделувале фотографии со експлицитна содржина, некои преземени од Интернет, а некои од приватни конверзации, меѓу нив и од малолетни девојчиња на возраст од 12/13 години, продолжува.

Петровска нагласи дека по извршените разговори и прибавените докази против нив ќе биде поднесена кривична пријава и додаде дека продолжува со активности за евентуална вмешаност и на други лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот