Адел откри дека не пие алкохол повеќе од 3 месеци: До пладне пиев 4 шишиња вино

Фото: PLANET PHOTOS / Planet / Profimedia

Познато е дека Адел отворено зборува за теми како менталното здравје, а овој пат се отвори за проблемот со алкохолот со кој се борела со години наназад.

Британската ѕвезда откри дека веќе три и пол месеци не пие алкохол, а го исфрлила и кофеинот од употреба.

Популарната пејачка на својот настап во Лас Вегас откри дека престанала да пие алкохол пред три и пол месеци. Додуша признала и дека воопшто не се забавува и дека ѝ недостасува алкохолот.

„Три ипол месеци не пијам алкохол, затоа вие уживајте во вискито“, му рекла на еден обожавател во разговор и додала дека покрај алкохолот се откажала и од кофеинот.

Фото: Инстаграм/ Adele

Таа, исто така, призна дека била на работ на алкохолизам во нејзините дваесетти, што е исповед што доаѓа нешто повеќе од половина година откако откри дека за време на карантинот поради корона-вирусот, еднаш до пладне испила четири шишиња вино, а годината пред тоа, во едно од излегувањата испила премногу алкохол и танцувала во градник со танчерките.

И додека многумина мислеа дека тоа е трајно откажување од алкохолот, Адел најави дека ќе направи „пауза“ за да го прослави 11-тиот роденден на нејзиниот син.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот