Абрамович го купува клубот за кој игра македонскиот репрезентативец Јаховиќ!?

Роман Абрамович, екс газдата на лондонски Челси/Фото: EPA/ANDY RAIN

Рускиот тајкун Роман Абрамович, кој мораше да го напушти Челси поради руската агресија врз Украина, наскоро би можел да стане сопственик на нов клуб!

Оваа вест ја пренесе турскиот „Си-Ен-Ен“, кој наведува дека Абрамович е расположен да го купи Гезтепе и дека веќе влегол во преговори со актуелниот сопственик Мехмет Сепил.

Според турските медиуми, средбата меѓу нив двајца треба да се случи во блиска иднина, а за Роман парите не би требало да бидат проблем доколку во меѓувреме го продаде Челси за четири милијарди евра.

Гезтепе моментно е на 18 место во лигата и има 27 бодови на 30 натпревари. За екипата настапува и македонскиот репрезентативец Адис Јаховиќ.

Гезтепе е клуб од Измир, беше шампион на Турција во 1950 година, а минатата сезона ја заврши на десеттото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот