Абази го избраа и за член на УО на Академијата за судии и обвинители, но нема да ја прифати функцијата
Јавниот обвинител Ислам Абази вечерва преку соопштение се заблагодарува на довербата што му ја укажа Советот на јавните обвинители кој го назначи за член на Управниот одбор.
Препорачано
Абази неделава, со тесно мнозинство во гласањето во кое учествуваа сите обвинители во државата, беше избран за шеф на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ЈО ГОКК).
Вечерва тој соопшти дек ќе достави барање до Советот на јавните обвинители да го повлече предлогот за негово назначување во Управниот одбор, со оглед на тоа дека постои потенцијален судир на интереси бидејќи неговата сопруга во моментов е слушател во Академијата.
„Како што истакнав и во моето првично обраќање до јавноста, мојата сопруга во моментов е слушател на Академијата за судии и јавни обвинители. Со оглед на тоа што таа е пред завршување на Академијата, не сакам да падне било каков сомнеж во објективноста при спроведувањето на завршниот испит и оценувањето. Затоа се откажувам од членувањето во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители и барам Советот да ја измени одлуката” – истакнува Абази во барањето што ќе го достави до Советот на јавните обвинители.


