ААВМУ ќе им помогне на радијата и телевизиите, годинава лиценците ќе им бидат поевтини

„Имајќи ги предвид тековните случувања со енергетската криза и големиот раст на цената на електричната енергија кој директно се одразува врз функционирањето и економската одржливост на радиодифузерите, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ќе обезбеди финансиска помош – донација за радиодифузерите која ќе се реализира преку намалување на нивниот надомест за дозвола за радио и телевизиско емитување за 2023 година“, соопштија денеска од ААВМУ.

„Во рамки на финансиските можности на Агенцијата, ова намалување изнесува 25 проценти од надоместот за дозволата, пресметан согласно формулата утврдена во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги“, соопшти ААВМУ.

Агенцијата се надева дека со оваа донација ќе придонесе за надминување на последиците од постојната енергетска криза и за непречено функционирање на радиодифузерите и во наредната година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот