7 прашања и одговори кои секоја жена треба да ги знае за ПАП-тестот

Колку често треба да се прави ПАПтестот?

– Еднаш годишно.

ПАП-тестот е цитолошки брис земен од површината на грлото на матката. Ако клетките се нормални, тогаш треба да го правите еднаш годишно, но доколку лекарот ви пронајде атипични клетки, потребни се понатамошни испитувања што ќе ви ја дадат точната дијагноза. Со чести прегледи имате поголема можност да ги откриете на самиот почеток сите заболувања и инфекции, и во тој случај, ракот на грлото на матката е во голем процент излечлив ако се открие на време.

Кога е најдобро да се направи ПАПтест?

– Кога било, освен во периодот на менструалното крвавење и ден-два пред и по него.

Порано препораките беа врзани со средината на циклусот, затоа што тогаш брисот е најчист, но заради усовршувањето на техниките, денес тоа не игра голема улога. Ако жената која прави ПАП-тест нема никакви симптоми и болки, а се најде неуреден ПАП-брис, веројатноста за нејзино оздравување е високо, дури до 92%.

Кога треба да се направи тест за ХПВ?

– Ако резултатите од ПАП-тестот не се уредни.

Денес се смета дека поголем број од жените имале контакт со ХПВ-вирусот, но кај само три до 10 проценти од нив перзистира вирусот. Останатите успеале да создадат антитела и така да го елиминираат заболувањето во текот на две години. Ако вирусот опстојува подолги години во телото, може да доведе до рак на грлото на матката. Тоа најчесто се случува кај лицата заразени со високо-ризичните типови. Познати се околу 120 типови, од кои повеќе од 40 се високо-ризични.

Каде се чувствува болката што е поврзана со здравјето на јајниците?

– Во долниот дел од карлицата, во ниво на колковите.

Јајниците се мали органи што се наоѓаат во малата карлица, лево и десно од матката. Болката во тој предел може да биде предизвикана од јајниците, заради можно воспаление, тумори или цисти. Најчесто овие болки се појавуваат заради бенигни цисти на јајниците, кои се честа појава и најчесто не побаруваат посебни терапии. Само во 5% од сите случаи се работи за сериозни тумори и цисти, кои најчесто се појавуваат кај повозрасни жени.

профимедиа

Кои симптоми не смеат да се игнорираат?

– Крвавење по или во текот на сексуалниот однос, како и секое крвавење надвор од менструалниот циклус.

Крвавењето по сексуалниот односот е еден од знаците за промена на грлото на матката. Често се работи за сексуално преносливи инфекции. Белиот секрет е исто така причина за грижа, и болката при односот дефинитивно не е нормална појава. Затоа, проверете!

Дали се јавува меланом на интимната зона?

– Да, возможно е да се јавува меланом и на интимната зона. Околу 3% од меланомите кај жените се на интимната зона. Меланомот се воочува со промени на пигментацијата, крвавење, чешање и болка. Честопати овие симптоми се игнорираат затоа што се слични со некои инфекции, па се дијагностицира многу доцна.

Кое е најважното гинеколошко прашање што треба да си го поставиме себеси?

– Дали оваа појава е нормална за мене?

Секое прашање е важно, но само откако ќе го запознаете своето тело и ќе ја воочите промената што настанала во него, ќе бидете способни да си го поставите.

Ако на прашањето немате соодветен одговор или пак тој гласи кратко и јасно „не“, време е да си закажете термин кај гинеколог.

Во клиниката „Жан Митрев“ тимот на гинеколози проф. д-р Васил Илиев, д-р Ирена Андовска ви стојат на располагање за секакви консултации и прегледи. Информирајте се или закажете на телефон: 02 309 1484.

(комерцијален текст)

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот