650 илегални мигранти за два дена пристигнаа од Северна Африка во Шпанија

Илегални мигранти од Африка во Франција/ Фото: EPA/THIBAULT VANDERMERSCH

Вкупно 650 илегални мигранти во изминатите два дена пристигнаа со 18 бродови од брегот на Северна Африка до брегот на Канарските Острови во југозападниот дел на Шпанија, пренесува ИнфоМигрантс.

Во соопштение на автономната управа на Канарските Острови се наведува дека 18 бродови со илегални мигранти пристигнале во регионот во изминатите два дена.

Властите соопштија дека еден човек меѓу 650 илегални мигранти загинал за време на патувањето.

Мигрантите, меѓу кои има жени и деца, се префлени во привремени засолништа по извршените медицински прегледи.

Се наведува дека поради поволните временски услови, бројот на илегални мигранти кои пристигнале на Канарските Острови од северноафриканскиот брег во септември надмина 1.500.

Илегалната миграција од Северна Африка во Шпанија се зголеми за повеќе од 150 проценти во 2020 година во споредба со 2019 година, а тој пораст продолжи и во 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот