Апсење
Фото: илустрација / ЕПА/ЕФЕ

65-годишен директор од Штип долго време срамно допирал девојчиња, сега е во притвор

Сексуалната злоупотреба, според пријавата на девојчињата, се одвивала подолго време

Директор на образовен центар од Штип, кој има 65 години, вчера е уапсен откако родители на ученички, малолетни девојчиња, го пријавиле дека подолго време недолично ги допирал за време на дополнителна настава, соопшти МВР.

„На 11.05.2026 во 19:50 часот во Штип, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Штип го лишиле од слобода А.Ш.(65) од Штип. Тој се сомничи дека како управител на образовен центар во Штип, за време на одржување на дополнителна настава, подолг период допирал по телото неколку малолетни ученички. Настанот во полициска станица го пријавиле родители во присуство на ученичките и на претставници на Јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи Штип“, пишува во полициското соопштение.

Судија издал наредба за претрес во домот на осомничениот и во образовниот центар со кој раководи, каде се запленети предмети за понатамошна постапка.

„А.Ш. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него е поднесена кривична пријава, а од судија на претходна постапка му е определена мерка притвор од 30 дена“, пишува во полицискиот билтен.

68-годишен скопјанец со години силувал дете и ги снимал гнасните чинови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот