6-ти ден не работат хируршките сали – МЗ молчи дали и кој ќе сноси одговорност

Фото: Принтскрин / илустрација

6-ти ден нема операции во хируршкиот блок при комплексот клиники „Мајка Тереза“. Има само една операциона сала која работи за итни случаи, брифираат извори од клиниката.

Освен што нема каде да се оперираат пациентите, во хируршкиот блок се шири непријатна миризба, oбјавува Сител телевизија. Од Министерството за здравство молк – не кажуваат кој ќе гарантира безбедност на оваа клиника ниту пак, кој ќе сноси одговорност за овој огромен проблем. Вработените не знаат кога ќе почнат со интервенции а најпогодени се пациентите кои со месеци чекале да се најдат на листата.

Иако немало проблем со компримираниот воздух, засега никој не проверил од каде доаѓа смрдеата.

-Во последната недела зголемена е фрекфенцијата особено во ургентниот центар каде скоро е дуплиран бројот на пациенти што доаѓаат на преглед. Исто така сите оддели особено хируршките се полни со по некој прекуброен кревет се со цел да бидат згрижени сите пациенти кои бараат помош, вели д-р Христијан Костов, директор на ГОБ 8-ми септември.

Надзор на хирургија правел и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, но велат немаат ингеренции освен да го информираат министерството за фактичката состојба како и непријатната миризба во хируршкиот блок.

Во април кога салите не работеа два дена, реакциите на хирурзи беа дека тоа се случува за прв пат во историјата на македонското здравство. Но само еден месец подоцна целиот оперативен блок повторно не функционира со денови.

Пациенти си одат дома без извршена интервенција и со стресови и нервози кога ќе биде решен нивниот здравствен проблем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот