Апсење
Фото: илустрација / ЕПА/ЕФЕ

56-годишен Естонец силувал дете во Скопје

Полицијата соопшти дека е уапсен 56-годишен државјанин на Естонија, кој е осомничен дека во повеќе наврати силувал 14-годишно момче од Скопје.

„СВР Скопје-Единицата за насилен криминал-Одделение за крвни и сексуални деликти поднесе кривична пријава против Т.Т.(56) од Естонија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“. Во различен период во повеќе наврати, тој извршил полови дејствија врз 14-годишен малолетник. Извршен бил претрес во домот каде престојувал на подрачјето на Кисела Вода, при што биле пронајдени и одземени предмети за кои постои основано сомнение дека се поврзани со делото, а од судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена“, пишува во полицискиот билтен.

Скопјанец десет дена држел девојка затворена во неговиот дом – ја силувал, ја тепал и ѝ го зел телефонот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот