42 американски авиони отишле фира во војната со Иран, кој е најскапиот што Техеран го соборил?

Американската војска пријавила 42 летала како изгубени, оштетени или уништени за време на војната со Иран, а вкупната штета се проценува на околу 2,6 милијарди долари, пишува „Бизнис инсајдер“.

Најскапиот оштетен авион бил „Боинг Е-3 Сентри“, американски радарски и извидувачки авион, погоден во саудиска база при ирански напад. Вредноста на еден ваков авион се проценува на околу 270 милиони долари.

Втор најскап изгубен систем бил „Ем-кју-4 Си Тритон“, тоа е голем американски извидувачки дрон вреден околу 240 милиони долари.

Меѓу пријавените загуби и оштетувања има борбени авиони, авиони за дополнување гориво во воздух, специјални транспортни авиони и голем број беспилотни летала.

Досега пријавените американски загуби вклучуваат: еден оштетен „Е-3 Сентри“, еден изгубен „Ем-кју-4 Си Тритон“, четири авиони „Ф-15Е Страјк Игл“, еден „А-10 Тандерболт II“, еден оштетен „Ф-35А Лајтнинг II“, седум авиони „КЦ-135 Стратотанкер“, два „МЦ-130Ј Командо II“ и 24 дронови „Ем-кју-9 Рипер“.

Најголемиот број загуби се кај дроновите „Ем-кју-9 Рипер“, кои сочинуваат повеќе од половина од вкупно пријавените летала. Овие беспилотни системи често се користат за надзор, извидување и напади, што ги прави особено изложени во конфликт со силна противвоздушна одбрана.

Иако вкупната проценета штета изнесува околу 2,6 милијарди долари, во извештајот на Конгресот се наведува дека не е јасно дали Пентагон доставил целосна сметка за сите изгубени, оштетени или уништени летала, што отвора прашања за реалната цена на американските операции во војната со Иран.

Републиканците во американскиот Сенат повторно го блокираа законот за прекинување на војната во Иран

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот