4 витамини кои е добро да се земат пред вакцинирање против коронавирусот

Фото: Профимедиа

Ако вие или вашите најблиски сè уште не сте вакцинирани, би било добро да внесувате одредени витамини кои можат да помогнат да се спречи силната реакција на вакцината, вели д-р Ендру Мајерс.

Со пристигнувањето на вакцините се отвора можноста илјадници луѓе ширум земјава да се вакцинираат против ковид-19. Многумина од нив се подготвуваат за својата долгоочекувана доза од вакцината.

Ако се наоѓате во остатокот од сè уште невакцинираната популација, доктор Ендру Мајерс, лекар натуропат, коавтор на книгата „Поедноставување на загатката ковид-19“, која наскоро ќе биде објавена, сподели кои витамини можат да ви помогнат да имате силна реакција на вакцината против ковид-19.

– Колку е посилен имунолошкиот систем на поединецот, толку повеќе реагира на вакцината – изјави Мајерс за „ЕТНТ хелт“.

Вакцината го стимулира имунолошкиот систем да го препознае вирусот и да биде подготвен да се бори против него во иднина. За зајакнување на имунолошкиот систем, Мајерс предлага да се земаат суплементи и витамини.

– Додатоците на исхраната се најдиректниот начин на кој можете да влијаете на здравјето на имунитетот во краток рок, а следниве хранливи состојки се неопходни за зајакнување на имунитетот – вели тој.

Витамин К2

Според Мајерс, витаминот К2 е една од петте основни хранливи материи за зајакнување на имунитетот, заедно со здравата храна што ја јадете секој ден. Мајерс вели дека резултатите од истражувањето спроведено со д-р Грејс МекКомзеј покажуваат дека недоволното ниво на витамин К2 е директно поврзано со нашата чувствителност на ковид-19 и сериозноста на исходот, ако дојде до хоспитализација. Националниот институт за здравје (НИХ) во САД опишува дека витаминот К има хранлива материја идеална за згрутчување на крвта и за здрави коски. К2 главно се наоѓа во одредена животинска и ферментирана храна, којашто повеќето луѓе не ја јадат во големи количини, затоа е добро да се одлучат за суплементи. Меѓутоа, пред одлуката да земате суплементи, секогаш треба да се консултирате со лекар.

Витамин Д3

„Витаминот К2 и витаминот Д3 дејствуваат синергиски на подобрувањето на способноста на нашето тело да создаде силен имунолошки одговор и да го регулира воспалението“, објаснил Мајерс.
Д3, вид на витаминот Д, се наоѓа само во храната од животинско потекло: мрсната риба и рибиното масло, црниот дроб, жолчката и путерот, како и во додатоците во исхраната.
– Ако некој страда од недостаток на хранливи материи, тогаш неговиот имунолошки систем нема да работи на оптимално ниво – појаснува нутриционистката Кетрин Басбаум за „Дејли прес“.

Витамин Ц

Друг потенцијално корисен витамин пред примањето на ковид-вакцината е витаминот Ц, забележал Мајерс. Витаминот Ц е потребен за функционирањето на крвните садови, рскавицата, мускулите и колагенот во коските, според клиниката „Мејо“.
– Витаминот Ц е антиоксидант кој помага да се заштитат клетките од дејството на слободните радикали, кои можат да дејствуваат на болестите на срцето, ракот и на другите болести – објаснуваат експертите од „Мејо“.
Додека, пак, некои американски лекари за порталот„Да се јаде добро“ рекле: „Нема доволно истражувања кои би го поддржале тоа дека антивоспалителната храна или додатоците како витаминот Ц ќе ја направат вакцината против ковид-19 поефикасна. Но, генерално, внесувањето на високо хранливи намирници и земањето на витамин Ц му помага на имунолошкиот систем.
– Здравата исхрана може долгорочно да го подобри имунолошкиот одговор и да ни помогне во борбата против инфекциите и можеби да го зајакне имунолошкиот одговор на вакцинацијата – рекол Луис Малиноу, лекар по интерна медицина од Мериленд.

Цинк

Цинкот активира ензими кои ги разградуваат протеините во вирусите и бактериите, така што тие можат мошне помалку да се шират. Покрај тоа, хранливата материја го зголемува активирањето на клетките одговорни за борбата против инфекцијата, наведува Мајерс.
Наодите од студија од април 2020 година објавена во Меѓународниот весник за молекуларна медицина, сугерираат дека цинкот го поддржува антивирусниот имунитет и го намалува воспалението во организмот. Цинкот можете да го внесувате преку гравот, млечните производи, школките и житарките од цели зрна.

Омега-3 масни киселини

Мајерс исто така им препорачува на луѓето да земаат омега-3, или од концентрирано рибино масло или од вегански извори, како мерка за зајакнување на имунитетот. Омега-3 масните киселини, исто така, може да се најдат во маслото од крил, маслото од црниот дроб на бакалар и во маслото од алги, уште еден вегански извор од алгите. Најважните омега-3 масни киселини се алфа-линоленската киселина (АЛА), која се наоѓа во маслата од семето на ленот, сојата и репката – еикосапентаенска киселина (ЕПА) и докозахексаенска киселина (ДХА). ЕПА и ДХА се наоѓаат во разните видови морски плодови. Омега-3 масните киселини се важни компоненти на мембраните што ги опкружуваат клетките во телото.
– Омега-3 исто така го штитат срцето, крвните садови, белите дробови, имунолошкиот и ендокриниот систем – вели Мајерс.

Колку витамините треба да бидат делотворни?

„На биолошко ниво, витамините се апсорбираат за неколку часа и имаат моментални метаболички ефекти дејствувајќи како антиоксиданти за заштита на клетките или како посреднички материи вклучени во создавањето на хормоните“, објаснува доктор Кери Рукстон, нутриционист, за порталот „Нетдоктор“.
Меѓутоа, постојат бројни фактори што можат да влијаат на нивната ефикасност и да го спречат телото да ги апсорбира целосно или воопшто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот