Фото: Димитриј Богдановски / Google Maps

25 вработени во МВР добија кривични пријави за злоупотреби со издавање дозволи за оружје

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против 25 лица вработени во МВР поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.

„Пријавените С.И., М.К., Б.Г., Р.А., Р.Ч., Д.Ј., З.В., И.И., Н.З., Г.А., И.Н., Ј.Н., И.М., Д.Ц., Е.В., А.Ш., Н.П. и Б.Б. во својство на претседател и членови на Комисијата за разгледување и подготвување на предлози во однос на поднесени барања за издавање одобрение за набавување на оружје во СВР Скопје, СВР Куманово, СВР Тетово и СВР Битола, во периодот од 2021 до 2024 година несовесно постапиле во вршење на своите должности и овластувања на начин што при постапување по барањата за издавање на одобрение за набавка на оружје дале позитивно мислење за издавање на одобрение за набавка на оружје на предлогот доставен до Комисијата за ревизија на позитивно одлучени барања за издавање одобренија за набавување оружје, спротивно на одредбите од Законот за оружје“, велат од полицијата.

„Пријавените В.К., О.Л., А.О., С.А. и Ѓ.К. во својство на претседател, членови и заменици членови на Комисијата за ревизија на позитивно одлучени барања за издавање одобрение за набавување на оружје не извршиле правилна ревизија на содржината на позитивно одлучените барања и наместо предметите да ги отфрлат или вратат на повторно одлучување заради докомплетирање, врз основа на претходно изготвени списоци на баратели на одобрение покрај кои биле испишани имиња на дел од членовите на Комисијата за ревизија, донеле позитивни одлуки и овозможиле баратели да се стекнат со одобрение за набавување на оружје спротивно на одредби од Законот за оружје. При вршење на ревизија постапувале несовесно и селктивно при решавање на предметите, а по вкупно 5470 предмети воопшто не постапиле и не донеле одлука со што придонеле да застарат“, додаваат од МВР.

Полициски функционери од претходната власт се казнети или отпуштени, според Тошковски издавале дозволи за оружје на луѓе кои на тоа немаат право

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот