20 истополови парови во Црна Гора чекале на матичар откако законот за брак стапил во сила

истополови бракови црна гора лгбти
ФОТО: EPA-EFE/ALEXANDROS BELTES

Од денес, претставниците на ЛГБТИ заедницата во Црна Гора можат официјално да склучуваат бракови на матичар, пренесува „Radio i Televizija Crne Gore“.

Законот за животно партнерство на лица од ист пол стапил на сила денес, кој им овозможува на истополовите партнери да добијат легална потврда за партнерство откако ќе го кажат судбоносното „да“. Сепак, тие ќе мора да почекаат за уживање на сите права што произлегуваат од законот се додека властите во земјата не донесат уште некои прописи во форма на подзаконски акти.

Претседателот на Управниот одбор на „Квир Црна Гора“, Даниел Калезиќ, рекол дека ова е исклучително важно за нив и дека го чекаат овој ден веќе 10 години. Тој исто така рекол дека 20 истополови парови во Црна Гора чекале ред во канцеларијата на матичарот.

„За нас е многу важно затоа што нашите семејства конечно ќе бидат озаконети. По 10 години од првата иницијатива, ние сме на чекор до еднаквост. Секако, не е решено сè со овој закон, чекаме уште 26 закони да бидат изменети, односно усогласени со овој, така што во пракса ќе може да се искористат сите права што законот ни ги дозволува “, рекол Калезиќ .

Тој исто така рекол дека веќе не станува збор за избор, туку за праватa кои ги има еден човек.
Неодамна, 20 регистратори од осум црногорски општини завршиле семинар за склучување животни партнерства.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот