185 санкционирани возачи во Скопје, 41 за брзо возење

Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 185 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 санкција, пет мерки за возење под дејство на алкохол, 13 санкции за возење без возачка дозвола, четири мерки за возач почетник.

Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Санкционирани 160 возачи за брзо возење во Скопје

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот