земјотрес мексико фото: скриншот/X

ВИДЕО Двајца мртви во силниот земјотрес што го погоди Мексико: Зградите „танцуваат“, оштетени се патишта и болници

Најмалку двајца загинаа откако силен земјотрес вчера го погоди јужниот и централниот дел на Мексико и предизвика умерена материјална штета.

Германскиoт истражувачки центар за геонауки информираше дека силен земјотрес со јачина од 6,3 степени денеска ја погоди јужната мексиканска сојузна држава Гереро. Епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од само 10 километри.

И Мексиканската национална сеизмолошка службаобјави дека е регистриран земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во јужната држава Гереро, на брегот на Тихиот Океан.

Градоначалничката на Мексико Сити, Клара Бругада Молина, објави дека 12 лица се повредени во силниот земјотрес што беше регистриран во тој град. Бругада Молина изјави на мрежата Икс дека „откако беше активиран протоколот за одговор на земјотрес“, беше пријавено дека во мексиканскиот главен град паднале пет столбови и четири дрвја.

Пријавени се оштетувања на патната инфраструктура и на болнички објекти, соопштија локалните власти и сеизмолошките служби. Првичните информациите зборуваат за десетина повредени граѓани.

Видео од згради што се тресат за време на земјотресот се појавија на социјалните мрежи.

„Погледнете го овој облакодер во Мексико Сити како прави луд танц повеќе од 20 секунди за време на денешниот земјотрес“, се вели во објавата.

Земјотресот беше почувствуван и во мексиканските федерални држави Морелос, Халиско, Оахака, Табаско и Колима.

 

ВИДЕО | Земјотрес ја прекина прес-конференцијата на мексиканската претседателка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот