Земјотрес ја прекина прес-конференцијата на мексиканската претседателка / Фото: EPA/JOSE MENDEZ

ВИДЕО | Земјотрес ја прекина прес-конференцијата на мексиканската претседателка

Силен земјотрес со магнитуда од 6,3 степени денеска ја погоди јужната мексиканска држава Гереро. Епицентарот бил регистриран на длабочина од само 10 километри, соопшти Германскиот истражувачки центар за геолошки науки (GFZ), пренесуваат медиумите.

Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум соопшти дека по разговор со гувернерот на погодената држава, засега нема информации за сериозни материјални штети или повредени лица. Таа додаде дека не е пријавена никаква штета ниту во главниот град.

Во моментот кога се случил земјотресот, претседателката ја одржувала својата редовна утринска прес-конференција. По активирањето на алармите за тревога, Шајнбаум мирно го прекинала обраќањето и заедно со новинарите ја напуштила салата, почитувајќи ги безбедносните протоколи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот