11. издание на Филмскиот фестивал „Watch Out“ со порака: Властите незаинтересирани за промовирање на културата, јавни простори во Тетово се помалку

Фото: Слободен печат

Утре започнува Меѓународниот филмски фестивал „Watch Out“ кој ќе се оддржи во Музејот на комунистичката партија на Македонија во Тетово.

Фестивалот кој ќе трае 4 дена, преку дел од филмовите кои ќе се прикажат меѓу другото ќе упати порака за зачувување на јавните простори кои во урбаните средини се помалку ги има, особено во Тетово каде секоја слободна површина се пренаменува претежно за градежна парцела.

Фестивалот е во организација на невладината „Лоја“. Оттаму велат дека овој фестивал има за цел да ја пополни празнината која постои во Тетово од областа на културата.

„И за овој фестивал, како невладина организација „Лоја“, немаме никаква подршка од државата, но и од локалната самоуправа. Цело време користиме прилики да соработуваме, но вистински да соработуваме. Сведоци сме како во Тетово исчезнува јавниот простор, тоа е страшно. Немањето на јавни простори е голема закана, тоа е простор каде луѓето јавно и слободно разговараат ги делат своите мислења и ставови. Ние сме скоро демократско општество. Ние сме општество кое не се грижи за обичните граѓани. Имаше во Тетово случај како млади луѓе мораа да ги напуштат просториите каде организираа разни културни активности. Ние со филмовите ќе испратиме вакви пораки за зачувување на јавниот простор, самите граѓаните ќе ги разберат пораките преку филмовите, вели Бујар Љума од невладината организација „Лоја“.

На годинешниот фестивал биле пријавени над 850 филма од 85 земји, а селектирани се над шеесет филма кои ќе бидат со превод на англиски јазик. Невладината „Лоја“ за заложбите во изминативе 23 години во повеќе полиња пред се во областа на културата од Претседателот на државата утре ќе примат награда за развој на граѓанското општество.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот