11 ПРИЧИНИ: Мажите признаа зошто изневеруваат – Слободен печат
ЕспресоСекс

11 ПРИЧИНИ: Мажите признаа зошто изневеруваат

Изневерував бидејќи и таа изневеруваше!

Зошто мажите изневеруваат е прашање кое ги интересира сите жени, а на кое не постои универзален одговор. Бидејќи кај сите причината е различна, 11 од нив ја отворија душата за Космополитан и раскажаа поради што ги изневериле своите партнерки…

„Тоа долго време беше начин на кој јас ја завршував врската. Знам дека тоа е многу лошо, но која бев млад, едноставно оставав односите да се одвиваат. Кога ќе започне да биде досадно и да изгледа како да не вложуваме напор во нашата врска, почнував да се гледам со друга. Мислам дека тогаш сметав дека така е полесно, отколку да седнам да разговарам за работите“, изјави Том (28).

„Односот во кој бев не беше во најдобар ред и запознав друга девојка која му даде многу повеќе внимание. Се чувствував одлично. Но наместо да се повлечам и да го решам стариот проблем влегов во нов, не размислував со главата, туку со тоа во гаќите“, изјави Дерик (27).

profimedia

„Многу изневерував кога бев помлад бидејќи со тоа бегав од се. Да, вината е моја, немојте погрешно да ме сфатите, но бидејќи жените со кои бев никогаш не ми раскинаа си мислев: Па зошто не би изневерувал?“, открива Сет (29)

„Искрено, не знам, излегував со навистина прекрасна девојка. Мислев дека она е таа. Мислев дека ќе се венчаме и слично, но една вечер посетив пријателка која живееше подалеку и ми се пружи можност на која не одолеав. Се обидував да сокријам но девојка ми дозна и ми раскина“, открива Нејт (26).

„Се чувствував заробен во својата моментална врска. Тоа всушност не е изговор, но чувствав како да не можам да ја прекинам врската, а сакав. Запознав друга која ме разведри и ми помогна. Веќе сме заедно една година, но се чувствувам виновен поради мојата постапка“, открива Кајл (25)

„Изневерував повеќе пати и уште изневерувам. Затоа и не се чувствувам поврзано во ниту една врска. Не чувствувам вина кога ќе се видам со некој на страна, бидејќи мојата врска се уште трае“, смета Нејтан (27).

profimedia

„Бев млад, таа и јас одевме на различни факултети и бев уверен дека таа ќе ме изневери. Мислев дека ако јас го сторам тоа прв, таа не може да ме повреди. И така се случи. Мислев дека победив, а изгубив многу“, изјави Арон (28).

„Звучи смешно, но сега кога ме прашувате, го знам одговорот на тоа прашање. Кога изневерив се чувствував кул, тоа за мене беше како да сум алфа мажјак, но подоцна сфатив дека сето тоа е поради тоа што имав лоши односи со семејството, родителите, пријателите и претходните врски“, признава Лук (28).

„Бев пијан, таа беше згодна, и нема да лажам, тоа го сфатив како лесен излез од моменталната врска“, изјави Тим (25).

„Едно време бев сериски изневерувач и тоа затоа што ми требаше засилување во мојата осмислена освета. Морав да знам дека ме посакуваат. Во врските чувствував како веќе да сум победил и поради тоа се чувствував немирно. Имав многу проблеми“, Ентони (28)

„Изневерував бидејќи и таа изневеруваше. Не беше изненадувачки што нашата врска не траеше долго“, заклучи Ејтан (26).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close