10 мудри мисли на Џоан Колинс: Се што треба да биде една совршена жена, нешто за што јас решив дека не сакам и никогаш нема да бидам!

Profimedia
Фото: Профимедиа

Џоан Колинс секогаш ќе биде персонификација за вистинска дама…

Таа ја освои публиката во сапуницата која се емитуваше во 80-тите години во улога на негативната заводничка Алексис Колби. Покрај тоа, Колинс стана позната и како автор на бројни романи, секогаш позната и по нејзините љубовни афери, особено онаа со Ворен Бити.

Фото: Профимедиа

Како жена со големо животно искуство, која наполни 87 години, решивме со вас да споделиме дел од нејзинатите животни мудрости…

Еве неколку цитати на Џоан Колинс, правила по кои според неа треба да живееме :

  • Годините се само број, тотално ирелевантенОсвен ако не сте шише вино.
  • Живееме во општество кое бара моментални решенија. Премногу дебели? Одете на липосукција. Тенка коса? Земете екстензии. Имате брчки? Одете на козметичар по најновиот и најефикасниот третман. Сето овие се измами за несигурни жени, на кои заработуваат пари итрите конгломерати.
Фото: Профимедиа
  • Покажете ми личност која никогаш не направила грешка и ќе видите дека таа никогаш не постигнала ништо во животот.
  • Се обидувам да ги памтам телефонските броеви, така ја вежбам мојата меморија. Ако не се трудите да го користите вашиот мозок, брзо и ќе го изгубите.
  • Не знам колку пати сум кажала НЕ на реалните шоуа. Ме повикаа во Големиот Брат, Танц со ѕездите … Во никој случај. Не ме интересира да ѕиркам во дневните простории на другите луѓе, така што не дозволувам пристап на туѓинци во моите.
Фото: Профимедиа
  • После пет сопрузи, некој би рекол дека научив нешто за бракотИзгледа слабо.
  • Мајка ми беше одлична домаќинка. Пожртвувана и кротка. Се што треба да биде една совршена жена и за што јас решив дека не сакам и никогаш нема да бидам.
  • Ако вашиот живот е кисел, направете си лимонада, таа е здрава.
  • Во мојот живот, секогаш ги ставав личното задоволство и ентузијазам во прв план.

Погледнете ја Џоан Колинс на 83 годишна возраст…

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот