Ѝ беше потрчко на Парис Хилтон, а потоа една ЖЕШКА СНИМКА промени сè!

принтскрин

Ким Кардашијан Вест вчера го прослави 39. роденден. И додека денес е една од најпознатите дами во светот, која оди на состаноци со претседателот Трамп, пред десетина години беше само старлета од трета класа…

Ким Кардашијан Вест вчера наполни 39 години. Оваа старлета денес е една од најпознатите дами во светот, на сметка има десетина милиони евра, а секоја нејзина објава ги вжештува социјалните мрежи. Пред десетина години, тоа воопшто не беше така. Ким тогаш беше една од стотиците старлети кои ја бараа својата пет-минутна слава. Но одеднаш се се промени. Една секс снимка беше доволна за да ја лансира во ѕвездената орбита, каде што е и денес. Ви претставуваме неколку непознати факти за Ким Кардашијан.

1. Нејзиното целосно име е Кимберли Ноел Кардашијан Вест. Таа има холански, германски, ирски, шкотски и ерменски корени.

2. Нејзиниот сон бил некогаш да стане учителка.

View this post on Instagram

Chicago in Armenia ?? ✨

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

3. Никогаш не завршила средно училиште.

4. На почетокот била позната како пријателка и потрчко на богатата наследничка парис Хилтон, односно била нејзина асистентка.

5. Нејзиниот подем започнал откако во јавноста се појави секс видото кое таа го направила со својот тогашен дечко Реј Џеј. Видеото собра стотина милиони прегледи, а Ким заработи пет милиони долари.

6. Пред Каније Вест, таа во брак беше со Дејмон Томас и Крис Хемфрис. Првиот брак и траел четири години, а другиот само 72 дена.

7. Секс снимката излезе во 2017 година, а поради неа во 2008 година Ким беше најпребаруваната жена на Гугл.

8. Ги обожава Џенифер Лопез, Бијонсе, Лејди Гага и Тејлор Свифт. Најдраго шоу и е Опра шоу, а најдрага серија „Сексот и градот“.

9. Таа обожава длабоко пржени орео кекси.

10. Таа е голем поддржувач на Доналд Трамп, со кој била на неколку состаноци.

11. Иако според Форбс е тешка 72 милиони долари, таа тврди дека дома се уште сама чисти.

12. Доколку ја прашате за што најмногу се кае, таа не одговара дека тоа е секс снимката, туку нејзината песна „Jam“ од 2011 година.

13. Таа e во далечно сродство со Елен Деџенерис, но и со двајца поранешни американски претседатели – Џон Адамс и Џон Квинси.

14. Нејзино најтрауматично искуство било кога во 2016 година беше ограбена во Париз.

15. Омилени роденденски подароци и се скапоцените автомобили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот