Исланѓаните со Сигурдсон и Палмарсон против Македонија

EPA/GEORGI LICOVSKI

Селекторот на Исланд, Гундундур Гудмундсон ги избра ракометарите со кои ќе се обиде да обезбеди бодови на дуелите против Македонија кои ќе се одиграат на 10 и 14 април. Исланд влегува во овие дуели со желба за две победи, а колку сериозно се сфаќа овој двомеч покажува и фактот што Гудмундсон го повика и Сигурдсон за овие дуели, кој иако е на залезот на кариерата уште игра на врвно ниво.

Исланд ќе ја пречека Македонија на 10 април, а четири дена подоцна ќе се игра реваншот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Последниот меѓусебен дуел овие две селекции го имаа на СП 2019 во Минхен, каде Исланд триумфираше со резултат 24-22.

ГОЛМАНИ: Едвардсон, Бјергвинсон, Густавсон, Халгримсон.
ЛЕВИ КРИЛА: Сигурдсон, Елисон.
ЛЕВИ БЕКОВИ: Палмарсон, Гудмундсон.
СРЕДНИ БЕКОВИ: Јонсон, Прастарсон, Магнусон.
ДЕСНИ БЕКОВИ: Магнусон, Еинарсон.
ДЕСНИ КРИЛА: Гудјонсон, Гунарсон.
ПИВОТИ: Арнарсон, Хеимисон, Гисласон.
ДЕФАНЗИВЦИ: Ингасон, Густафсон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот