Фото: Принтскрин

Македонски автобус излетал од автопат во Србија

Според првичните наводи, возач на друг автобус застанал на местото на несреќата со цел да пружи помош. Инцидентот се случува во услови на влошена временска состојба, бидејќи од вчера речиси цела територија на Србија е зафатена со снежни врнежи.

Ноќта зад нас донесе сообраќајна несреќа на автопат во Србија, откако автобус со македонски регистарски таблички целосно излетал од коловозот кај местото Добановци, јавуваат српските медиуми.

Автобусот се движел од правец на градот, а засега нема официјални информации за здравствената состојба на патниците и возачот.

Според првичните наводи, возач на друг автобус застанал на местото на несреќата со цел да пружи помош. Инцидентот се случува во услови на влошена временска состојба, бидејќи од вчера речиси цела територија на Србија е зафатена со снежни врнежи.

ЈП „Патишта на Србија“, повикувајќи се на Извештајот на Штабот за зимска служба во 5:09 часот наутро, соопшти дека снег има на голем број делници од најфреквентните патни правци од првиот, вториот и третиот приоритет за одржување. Снежната покривка достигнува до пет сантиметри, а коловозот е влажен, поради што надлежните апелираат на внимателно и прилагодено возење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот