ЗВРШЕНА Е ГОЛЕМА РАБОТА, БЛАГОДАРАМ НА ГРАЃАНИТЕ: рече Вучиќ

Александар Вучиќ пред отворањето на јужниот крак на Коридорот 10 рече дека ова е ден за историја, бидејќи е завршено тоа што со години никому не му пројде од рака.

„Завршена е една голема работа! Има благодарам на вредните работници за посветеноста и пожртвуваноста да се направи тоа што никој со години не можеше да го реализира, секако благодарност и до граѓаните на Србија кои веруваа дека овој сон денеска ќе биде реалност“, рече Претседателот на Србија.

Вучиќ додаде дека иднината е висококвалитетна и безбедна патна мрежа, нови работни места, инвестиции и останување на луѓето во нивните родни места.

Уште еднаш го спомена мостот Врла кај Владин Хан, како еден од најголемите градежни потфати.

„Мостот Врла е најубавиот проект на територијата на поранешна Југославија! Благодарен сум и среќен што сум претседател на земјата што успеа да се избори со нештата со кои претходно не успеавме да ги надминеме. Да живее Србија!“, рече претседателот на Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот