Зошто веруваме дека црните мачки носат несреќа? Зад ова верување стои легенда за татко и син

profimedia

Дали некогаш сте се запрашале зошто луѓето се плашат од црна мачка и од тоа таа да не им го „пресече“ патот? Од кога постои верување дека тоа носи несреќа? Ова суеверие е старо неколку века и едно е од ретките кои преживеале до денес. 

Мачките, пред 5.000 години, во древниот Египет, биле многу почитувани и обожавани до таа мера што лицето кое би убило мачка би добило смртна казна.

Што тогаш дошло до тоа луѓето да се плашат од црната боја?

Голем број историчари тврди дека ова суеверие настанало во средниот век. Во тој период многу жени биле обвинувани за бавење со црна магија и за тоа дека се вештерки. Многу од тие жени имале мачки за кои се грижеле, па обвинувањата што се однесувале на жените биле пренесувани и на нивните љубимци.

Ова верување дополнително се зацврстило меѓу народот на средината на 16 век, кога се проширила приказната за таткото и синот кои наишле на црна мачка.

Легенда за таткото и синот

Според легендата, татко и син патувале заедно во ноќта во која немало месечина кога една црна мачка им го поминала патот. Тие ја мавале со камења, се додека повредена не побегнала во куќата на жената која била сметана за вештерка.

Следниот ден ја виделе жената со модринки и како едвај оди, влечејќи ја едната нога, па заклучиле дека сите вештерки во текот на ноќта можат да се претворат во црни мачки за неприметно да шетаат низ улиците. Ова верување одекнало низ Америка за време на судењето на вештерките од Салем.

Се разбира, поврзувањето на црните мачки со злото и несреќата не е ништо повеќе од суеверие. Сепак, голем број луѓе и ден денес веруваат во овој мит.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот