Зошто се разведоа Људмила и Владимир Путин?

владимир путин
Владимир и Људмила Путин фотографирани во 2000 година / Фото: EPA-EFE/Yuri Kadobnov

Претседателот на Русија, Владимир Путин е еден од најмистериозните државници во светот.

За неговиот живот се знае многу малку, особено за семејството, но од она што е потврдено, познато е дека е разведен најмалку осум години. Се знае дека во 1983 се оженил со Људмила Александровна Путина, а бракот се распаднал веројатно во 2014 година. Во бракот добил две ќерки, а колку што е познато, имињата им се Марија и Екатерина. Марија е родена во 1985 година во Русија, а Екатерина во Источна Германија, каде Путин живеел со семејството во деновите на КГБ.

Како што пишуваат медиумите, бракот на Путин се распаднал поради неверството на претседателот со гимнастичарката Алина Кабаева, за која се зборува дека е мајка на четири деца кои ги добила со Путин.

Додека биле заедно, Људмила Александровна Путина зборувала само најубави работи за својот сопруг, дека е нежен и грижлив татко. Во една прилика дури и споделила како всушност тој ја побарал за жена. Во интервјуто кое е објавено во Путиновата биографија „Прво лице: Застрашувачки искрен автопортрет“ од 2000 година, разговорот почнал како да ќе раскинуваат, а запросувањето се случило на една вечера во заедничкиот дом.

„Досега сфати каков човек сум. Генерално не сум лесен. Овие три години веројатно си донела одлука – рекол Путин.“

„Беше многу самокритичен, зборуваше како е молчалив тип и дека знае да биде остар и да навредува луѓе. Сметаше дека не е доволно добар за животен партнер. Звучеше како да бара причина за да раскинеме“ – изјавила Људмила.

Тогаш таа била помирена дека врската ќе заврши, но се случило спротивното.

„Му одговорив дека донесов одлука, а тој ме праша дали сум сигурна во тоа. Кимнав со главата и бев убедена дека тоа е нашиот крај, а тој само рече : Ако е така, веднаш сакам да знаеш дека те сакам и се надевам дека ќе се омажиш за мене.“ Тоа беше огромно изненадување за мене.

Парот се запознал на почетокот на осумдесетите, додека Људмила работела како стјуардеса, што било доста посакувана работа во поранешниот Советски Сојуз. До прва средба дошло преку нивен пријател, кој ги одвел двајцата на театарска претстава.

„Прво бевме пријатели со мојата идна сопруга. Претпоставував дека ако не се оженам во наредните две или три години, никогаш нема да го сторам тоа. Се навикнав на ергенски живот. Људмила тоа го промени од корен“ – изјави во една прилика Путин.

Људмила се согласила и бракот траел со децении. Двете ќерки ги добиваат имињата по своите баби, Марија е Маша, а Екатерина Катја. Прво живееле во Источна Германија, а потоа се вратиле во Русија во 1996 година.

„Не се сите татковци полни со љубов кон децата како што е тој“ – изјави Људмила во една прилика. „Тој секогаш ги разгалуваше, додека јас морав да ги дисциплинирам“.

Бракот со времето бил се помалку идиличен, а Путин станувал далечен и незаинтересиран. Наводно, таа оладеност кон Људмила предизвикала најголем раздор. Како што му растела моќта на политички план, така бракот станувал уште полош. Пред самиот крај на бракот, Људмила почнала да се однесува чудно, и пред да потврди дека конечно се разделуваат, светот веќе насетувал дека бракот завршува.

Људмила Александровна Очеретни Људмила Александровна Очеретни
Људмила Александровна Очеретни Људмила Александровна Очеретни / Фото: EPA PHOTO ITAR-TASS POOL / ITAR-TASS /

„Се разведуваме затоа што едвај се гледаме. Нашите деца се големи и си тераат свој живот. Сите се со свој живот. Му благодарам на Владимир за цела поддршка досега, секогаш ќе бидеме пријатели“ – изјави таа.

Откако бракот е завршен, Људмила воопшто не се експонира во јавноста, а во јануари 2016 се пишуваше дека се омажила за бизнисменот Артур Сергеевич Очеретни, кој е 20 години помлад од неа. За овие информации, Путин никогаш не потврди ништо, ниту ја коментираше својата поранешна сопруга.

Каде е поранешната сопруга на Владимир Путин: Људмила денес живее многу поразличен живот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот