unsplash
unsplash

Зошто никогаш не треба да истурате млеко во мијалникот?

Истурањето млеко во мијалник е навика што многумина ја имаат, но експертите предупредуваат дека тоа треба да се избегнува. Причината е што мастите и протеините во млекото се стврднуваат под дејство на топлина и се лепат за ѕидовите на цевките, што со време може да доведе до нивно запушување. Освен што го блокира протокот на вода, ова создава и непријатни миризби.

Проблемот е уште поголем ако млекото е старо или прокиснато – тогаш маснотиите и протеините полесно се таложат, создаваат наслаги и го забрзуваат затнувањето на одводот, особено ако се мешаат со други кујнски остатоци.

Ако помисливте дека е подобро да го истурите млекото во тоалетната школка – и тоа не е добра идеја. Истурањето млеко во WC може да предизвика слични водоводни проблеми и не е еколошки прифатлива опција.

Наместо тоа, старото млеко може корисно да се искористи како природно ѓубриво во градината. Доволно е да измешате една мерка млеко со четири мерки вода и да го прелеете околу коренот на растенијата. Хранливите материи во млекото им помагаат на растенијата да растат поцврсто и поздраво.

Ако компостирањето или употребата во градината не се изводливи, старото млеко едноставно фрлете го со останатиот домашен отпад: оставете го во оригиналната картонска амбалажа или истурете го во пластична шише и фрлете го во ѓубре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот