Зошто никогаш не треба да ги кратите мустаќите на вашите мачки?

Фото: Pexels / Jb Jorge Barreto

Ако некогаш сте помислиле дека мустаќите на вашата мачка се предолги и треба да се исечат, не правете го тоа.

Како што пишува „Ист беј тајмс“, никогаш не треба да ги средувате или дотерувате мустаќите на мачката. Мустаќите се неопходни за мачките. Тие помагаат да го пронајдат својот пат во темнината, да го проценат просторот помеѓу предметите, па дури и да го почувствуваат пристапот на предаторите.

Можеби изгледаат како вкочанети влакна, но за мачките тие се многу повеќе од изглед. Секое влакно е поврзано со мускулниот и нервниот систем, тоа е исклучително чувствителен и создаден да испраќа пораки до мозокот. Мустаќите од двете страни на носот не се единствените што ги има мачката. Мачките имаат и мустаќи над очите, на линијата на брадата и вилицата и на задниот дел од предните нозе.

Кога мачката истражува, таа ги користи своите мустаќи за лесно да допира предмети. Овие сетилни пипала ѝ кажуваат на мачката некои важни информации, како што се големината на предметот со кој се среќава и просторот помеѓу неа и друг предмет.

Дури и кога мачката седи мирна, нејзините мустаќи работат. Ако некогаш се запрашате зошто е тешко да ѝ се прикрадете на вашата мачка, можете да ги „обвините“ нејзините мустаќи, кои делуваат како систем за рано предупредување. Мала промена во протокот на воздух може да сигнализира приближување на живо суштество или предмет. Мустаќите, исто така, го детектираат движењето на пленот кога мачката трча, што е една од работите што ги прави мачките толку неверојатни ловци.

Мачките имаат и сетилен орган на крајот од нивните мустаќи наречен проприорецептор, кој исто така испраќа пораки до мозокот. Проприорецепторите ѝ даваат информации на мачката за положбата на нејзиното тело и екстремитетите, а тоа, заедно со видот, ѝ помага лесно да скока од едно место на друго.

Па, доколку ги скратите мустаќите на вашата мачка, тие ќе се дезориентираат и ќе имаат потешкотии да се движат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот