Зошто мачките предат?
Предењето е нежна вибрација која домашните мачки, како и некои од дивите мачки, ја испуштаат додека дишат. Но, сигурно се прашувате која е вистинската причината за тоа.
Препорачано
Експертите за мачки велат дека во 90 отсто од времето, предењето е знак дека се чувствуваат добро, сигурно и среќно., пишуваат „Лајв Сајенс“.
Но, истражувањата покажуваат дека предењето кај мачките се случува поради повеќе причини, а инстинктот за преживување е една тие. Штотуку родените мачиња почнуваат да предат за постојано да бидат во комуникација со нивната мајка. Мачињата исто така, предат додека цицаат, што е момент на зближување со мајката. Возрасните мачки продолжуваат да предат и во ситуации кога се „чешлаат“, одмараат, јадат или уживаат додека се сами. Предењето може да биде и намерно, во обид да бараат внимание и храна. Во ретки случаи нивното предење може да биде поттикнато од стрес.
Иако нема цврсти докази, во една студија се вели дека предењето кај мачките помага и во нивното лекување. Истражувачите утврдиле дека фреквенциите на предењето се околу 20 до 150 Херци, слично на фреквенциите кои се користат во третманите за лекување на коски и мускули кај човекот. Сепак, доколку вашата мачка е здрава, среќна и релаксирана, тогаш верувајте таа ужива предејќи во вашето друштво.


