Фото: mia.mk

Зошто црногорските банки немаат платен промет со Србија и БИХ?

Ниту една банка во Црна Гора не е заинтересирана да се вклучи во клирингот на меѓународните плаќања во странска валута, пишува црногорски „Дан“. Според одговорите што ги добија подгоричките медиуми од Централната банка на Црна Гора (ЦБЦГ) на прашањето зошто сè уште нема трансакции со директни плаќања со Србија, „ЦБЦГ нема мандат да влијае на комерцијалните работи и условите на банките и не може да обврзува кредитните институции кои ќе го користат платниот систем при извршување на меѓународни трансакции со финансиски институции во Србија или која било друга земја“.

Како што се наведува во текстот, темата за трансакциите за директни плаќања меѓу Црна Гора и Република Србија е актуелна веќе деценија и пол, а комуникацијата со Народната банка на Србија (НБС) по ова прашање, како што наведоа, нема бил прекинат. Во текстот се потсетува дека во септември 2007 година, гувернерите на централните банки на Црна Гора, Република Србија и Босна и Херцеговина склучија билатерални договори за клирингот на меѓународните плаќања, со цел да се воспостави регионален мултилатерален клиринг на територијата на овие земји.

Народната банка на Србија е овластена како системски оператор, односно процесор. Досега овој платен систем го користат 13 од 21 кредитна институција во Република Србија и шест од 23 кредитни институции во Босна и Херцеговина, пишува Каматица. Веќе се воспоставени сите предуслови за операционализација на овој платен систем, но нема заинтересирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот