Зоран Заев: Можеби сонувам, ама верувам!

„Во интервјуто за „Слободен печат“ Зоран Заев аргументирајќи ја идејата за заедничка Влада со опозицијата изрази надеж дека неговиот сон може да стане реалност доколку за тоа постои политичка волја од сите страни.

„И јас треба да си ја подготвам партијата, но сепак ја фрлам ракавицата сите заедно да одработиме. Да го здружиме народот, да ги смириме духовите, да ја департизираме администрацијата и да го отстраниме клиентелизмот. Да ја средиме државата и да направиме квантен скок напред. Тоа е целта на политиката и моја цел. Ајде заедно да се обидеме.

-Можеби сонувам, не знам, ама верувам. Има доверба во мојата партија дека ќе ми даде таков пас, а верувам дека ќе се изнајде таков капацитет и кај нашиот опонент, најголемата опозициска партија. Убеден сум дека и кај партиите на Албанците и кај помалите политички партии ќе се најде разбирање за оваа идеја. На тој начин поуспешно ќе ги исполниме очекувањата на нашиот народ кој не бира и заради кој постоиме.

Ако некој има контра аргументи на оваа идеја нека ги извади.

Сакам и моите социјалдемократи да знаат кои се моите планови за иднината, но и за граѓаните.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот