Зоран Попов е нов државен секретар во МНР

Нов Државен секретар во Министерството за надворешни работи на Македонија е Зоран Попов.

Тој е професионален дипломат од 1998 година, кој најголем дел од својата дипломатска кариера во Министерството ја поминал во Директоратот за Европска Унија, а бил упатен и на мандат во Мисијата при ЕУ во Брисел. На должноста Државен секретар во МНР доаѓа од Советот за Регионална Соработка со седиште во Сараево, каде од 2016 до 2019 год. работел како виш политички советник. Магистер е по меѓународни односи на Универзитетот Вестминстер во Лондон.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот