Зоран Милановиќ напушти настан поради усташки написи

Зоран Милановиќ/Фото: EPA-EFE/DANIEL NOVOTNY

Усташкиот натпис „За дом спремни“ бил испишан на маиците на некои од присутните на настанот.

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во петокот рече дека ја напуштил 25-годишнината од акцијата „Блесок“ во Окучани поради усташкиот натпис „За дом спремни“ на маиците на некои од присутните, за што смета дека е газење на жртвите и сеќавањето на настанот.

„Жал ми е, дојдов тука да им оддадам почит на оние што паднаа за Хрватска. Се согласивме на сите елементи на протоколот, но еден од учесниците што требаше да положи венец пред мене, се соблече во униформа со знакот ‘За дом спремни’“, им рече Милановиќ на новинарите.

Тој додаде дека неговите ставови за тој усташки натпис се добро познати и затоа не сака да учествува во тоа.

Тој тврди дека тоа е работа на организаторот, Министерството за хрватски ветерани, кое морало да води сметка за тоа. Целата систуација ја оцени како провокација.

„Во иднина, каде и да е оваа ситуација, јас нема да учествувам во неа. Јас го разбирам премиерот и претседателот на Собранието, тие мораат“, рече Милановиќ.

Тој исто така рече дека тој разговарал за овој настан со премиерот Андреј Пленковиќ. „Тој само слегна со рамењата. Имам разбирање за премиерот, но на поздравот ‘За дом спремни’ не му е место овде“, рече претседателот на Републиката.

Со заеднички венец и свеќи, Милановиќ, заедно со претседателот на хрватското  собрание, Гордан Јандроковиќ и премиерот Андреј Пленковиќ, требаше да им оддаде почест на загинатите во воената операција.

Со таа операција по четири години окупација беше ослободеба западна Славонија и воспоставена контрола врз автопатот Загреб-Липовац и железничката линија кон источна Славонија.

Подоцна запрашан од РТЛ дали смета дека претерано реагирал кога го напуштил собирот во Зоран Милановиќ изјави дека тоа било неопходно и испровоцирано:

„Некој, за прв пат во хрватската историја, колку што се сеќавам, дозволи ваква саботажа на ниво на државен протокол“.

Милановиќ рече дека тоа е одговорна личност.

„Одговорно лице. Министерството за ветерани работи е организаторот. Досега тоа беше Министерството за одбрана. Јас ќе потенцирам, никогаш не се случило, освен на некои странични сцени ‘За дом спремни’ да влезе во официјалниот државен протокол. Дури и на венецот“, рече тој.

Тој додаде дека треба да се побараат одговорните и смета дека неговата реакција е мирна. Иако на местото на настанот разговарал со премиерот Андреј Пленковиќ, тој вели дека не се слушнале подоцна и дека не гледа потреба за тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот