ЗОО Скопје наскоро ќе ги отвори вратите, строг протокол и ограничен број на посетители
Скопската зоолошка градина веќе два месеца е затворена за посетители, како превентива против ширење на коронавирусот. Мерките почнаа да олабавуваат, со што очекувањата се дека наскоро зоолошката ќе ги отвори вратите за посетителите. Портпаролката на ЗОО , Тина Мицковска, денеска во Скопски агол на „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, зборуваше за протоколот по кој ќе треба да се придржуваат посетителите.
Препорачано
-
1
-
2
-
3

– Сите кои ќе доаѓаат во зоолошката ќе треба да ги почитуваат мерките за заштита. Ќе има и ограничување на бројот на посетители кои истовремено ќе можат да бидат во зоолошката, рече Мицковска.

Портпаролката дополни дека периодот без посетители го користат за изградба на живеалишта за пингвини и фламинга.

– Периодов наместо посетители, зоолошката е полна со работници и мајстори кои активно работат на изградба на жибеалишта за фламинга и пингвини. Исто така имаме и многу новороденчиња, кенгурче, лемури и пони коњче, додаде таа.
Погледнете го целиот разговор со портпаролката на Скопје ЗОО, Тина Мицковска:


