10.8 C
Скопје

ЗНМ остро го осуди нападот на новинарската екипа на МИА

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро го осудува денешниот напад врз екипа на Медиумската информативна агенција (МИА) која професионално известуваше за протестот поврзан за случајот „Монструм”.

– Според кажувања на колегите од МИА, имало обид да им се одземе опремата и турканици, при што снимателот бил турнат, а неговата опрема оштетена. Ваквиот однос кон новинарите кои се на работна задача на терен е неприфатлив и потребно е да биде строго казнет од страна на Министерството за внатрешни работи затоа што насилството кон новинарите не е дозволив во демократски земји, наведува ЗНМ.

ЗНМ уште еднаш предупредува дека неказнивоста на нападите и медиумските работници може да поттикне посериозни насилства кон новинарите, а со тоа дополнително да се загрози нивната безбедност, правото на слобода на изразување, како и правото на информирање на граѓаните. Затоа е важно, дополнува ЗНМ; што поскоро да се измени Кривичниот закон во насока на системска заштита на новинари и медиумските работници.

Поврзани вести

СИПА упадна во просториите на Централната изборна комисија на БиХ

Илинка Иљоска

Тегелтија: На БиХ и требаат добри вести од Брисел, а тоа е кандидатски статус

Илинка Иљоска

Словенците предвидуваат дека до јуни ќе ја зауздаат короната: „800.000 луѓе се веќе заштитени“

Слободен печат

Мехмети: Предлог законот за дивоградби е политички договор меѓу Заев и Мицкоски

Слободен печат

Мицкоски: Се сомневам дека ќе добиеме датум за преговори

Слободен печат

Брнабиќ: Од дијалогот Белград – Приштина зависи стабилноста на целиот регион

Слободен печат

Остави Коментар